Насловна / Архитектура / Паметни лифтови, мали канцеларии, крај за облакодерите – како ќе изгледа архитектурата после пандемијата?

Паметни лифтови, мали канцеларии, крај за облакодерите – како ќе изгледа архитектурата после пандемијата?

Дали канцелариите од отворен тип ќе заминат во минатото? Дали и понатаму ќе се градат повеќекатници? Дали нашите телефони ќе контролираат буквално се – од вклучување на светилки до нарачување на кафе?  Колумнистот на Guardian, Оливер Вејнрајт, ги сублимирал прогнозите на повеќе реномирани архитекти и урбанисти, за тоа како ќе изгледа архитектурата после корона вирусот.

Од антибактериските месингани кваки до широките, пространи булевари – нашите градови и зградите во нив отсекогаш биле обликувани и под влијанието на разните болести и епидемии кои се појавувале низ историјата.  Токму епидемијата на колера била причината за проектирање на сегашните мрежи на улици, бидејќи епидемијата од 19тиот век ја нагласува потребата за воведување на канализациски систем. Истовремено донесени се и нови урбанистички закони со цел да се спречи пренаселеноста. Бубонската епидемија која се појавува во Кина во  1855 година, го менува начинот на градење речиси на се – од одводните цевководи до праговите на вратите и начинот на ѕидање на темелите, објавувајќи глобална војна на глувците. Дури и естетиката на модернизмот преку чистите линии настанала како последица на туберкулозата, угледувајќи се на санаториумите опсипани со светлина, собите обоени во бело и сл.

guardian2

guardian1

 

Имено, формата, како и функционалноста отсекогаш била следена со стравот од инфекции. Но, каков пресврт може да се очекува по оваа пандемија?  Арјун Кајкер, кој  цела деценија  предводел тим архитекти во  „Фостер и партнери“, а сега работи како главен аналитичар за компанијата  „Заха Хадид“,  смета дека наскоро ќе видиме пошироки ходници, но и повеќе скалила и одвоени простори помеѓу различните оддели во деловните објекти. „Досега се настојуваше да се избришат границите помеѓу различните тимови, но мислам дека просторите веќе нема така лесно да се преплетуваат“ вели  Кајкер. Тој верува дека после пандемијата високите згради ќе станат помалку привлечни. Исто така, смета дека и лифтовите ќе се повикуваат преку паметните телефони, а не со притискање на копче. Многу американски урбанисти стравуваат дека новите трендови ќе ги вратат луѓето во предградијата. Европските соговорници на колумнистот, тврдат дека трендовите ќе бидат поинакви. Професорот на Универзитетот  Делфт, Ваутер Фанстипхаут, смета дека сега е најдобар момент да се анализираат градови за пешаци. „Дали корона вирусот може да биде катализатор за децентрализација? Имаме огромни болници и луѓе кои живеат едни на другите врз глава, но сепак мора да поминат големи растојанија за да дојдат до нив. Пандемијата ни наложува дека подобро би било рамномерно да се распоредат помали болници и училишта и да с езајакнат локалните заедници“ вели Фанстипхаут.

guardian3

Се разбира, работите можат да останат и непроменети. Вејнрајт истакнува дека САРС не го „уби“ живеењето во екстремно високите згради. Сепак, пред сто години , промените во урбанизмот значајно придонеле за здравјето и благосстојбата на населението на Европа и Северна Америка, и тоа без употреба на лекови. Професорката Сали Дејвис,  пишува дека „речиси без исклучок, падот на бројот на смртноста од  почетокот на 20-тиот век, се случил пред почетокот на широката употреба на антибиотиците. Драстичниот пад на смртноста највеќе се должел на подобрата исхрана и подобрите хигиенски услови, како и поголемата оддалеченост помеѓу становите, што помогнало во ширењето на заразните болести“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top