Насловна / Арт и дизајн / Паметна тоалетна шолја од 13.000 долари (ВИДЕО)

Паметна тоалетна шолја од 13.000 долари (ВИДЕО)

TOTO NEOREST NX2 Intelligent Toilet со ACTILIGHT е се освен стандардна санитарна опрема за бања, а доаѓа од Јапонија…

Секоја од новите тоалетни шолји користи ист дизајн, кој е елегантен, нежен и неверојатно пријатен. Претходно дизајнираните тоалети TOTO Neorest се карактеризираа со остри, аголни силуети, додека сега новата серија има нежен елипсовиден профил, инспириран од „убавината на камчињата кои низ годините ги обликувала река“. Дизајнот и технологијата на овој есенцијален дел од секоја бања се многу луксузни, што доведе ТОТО да добие награда на саемот CES.

2

TOTO NEOREST NX2 се разликува од моделот NX1 благодарение на интегрираната ултравиолетова светлина што е вградена во капакот, заедно со површината од титаниум диоксид, што го олеснува распаѓањето на органскиот отпад.

1нас

Елегантната надворешност на оваа тоалетна школка е проткаена со едноставност, но содржи бројни високотехнолошки елементи – автоматско спуштање и подигање на капакот со автоматско пуштање на вода, интегриран WASHLET систем за лично перење кој овозможува уживање во топла и проѕирна вода, машина за сушење со топол воздух, загреано седиште и каталитички освежувач на просторот.

3

Новиот NX2 беше изложен на CES саемот заедно со моделот NX1 со слична форма, но само NX2 има ACTILIGHT – ултравиолетова светлина дизајнирана да работи во тандем со електролизирана вода и површина од титаниум диоксид која е глазирана, што резултира со хидрофилен елемент. ТОТО тврди дека УВ светлината помага да се забрза распаѓањето на органската материја преку фотокаталитички процеси.

4

Цената од 13.000 долари го става овој тоалет во срцето на луксузниот пазар, одговарајќи на глобалната потреба за полуксузни опции за бањи.

Испрати коментар

Scroll To Top