Насловна / Вести / Паметна машина за селектирање отпад – иновација на наши млади инженери

Паметна машина за селектирање отпад – иновација на наши млади инженери

Тамара ДимитроваБорко Јовановски и Стојан Димитровски со нивната паметна машина за рециклирање на цврст отпад наречена Ре-Бот, минатиот викенд беа прогласени за победници на натпреварот за борба против климатските промени, организиран од УНДП и УСАИД.dobitnici_resize

Според Тамара Димитрова, една од иноваторите во тимот и млад истражувач по компјутерски науки во МАНУ, целта на нивниот проект е да помогне во намалување на загадувањето, со тоа што ќе се создаде навика кај луѓето да рециклираат и селектираат отпад. „Решението што го предложивме се состои од два дела. Едниот дел е физичка машина, кај која луѓето ќе треба да одат и да го пуштат рециклираниот отпад. Вториот е софтверски дел, со мобилна апликација која при регистрирање на неа, корисникот ќе добие краток код кој ќе треба да го внесува во машината кога ќе ја користи, по што автоматски ќе му бидат внесени поени на неговата корисничка сметка“, вели Димитрова за Радио МОФ.1-3_resize

„Ќе има одредена сума на поени што граѓаните ќе ја добиваат, а која ќе можат да ја искористат за подигнување на одредени ваучери. На пример, ако имаме соработка со МНТ и тие кажат дека за 30 собрание поени, ако една лименка носи два, а едно шише еден поен, тие ќе им дадат попуст на карта во МНТ“, објасни Димитрова.

За својот изум, тие добија 10.000 долари, кои ќе им бидат потребни за развивање на прототип, промоција на проектот и за развивање на мобилната апликација. Тројцата млади инженери планираат да го почнат својот проект во Скопје, бидејќи според податоците до кои дошле, 25 отсто од вкупниот отпад се рециклира во главниот град.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top