Софтверската компанија Zurich Soft Robotics развила интелигентна фотонапонска фасада наречена Solskin. Овој концепт може да ја намали потрошувачката на енергија до 80% и да генерира до 40% повеќе енергија во споредба со слични фасадни системи. Иновацијата, развиена во соработка со архитекти и истражувачи по роботика од престижниот ETH од Цирих, ја претстави на јавноста оваа прва интелигентна комерцијално достапна обвивка за зграда. Solskin се состои од нагодливи фотонапонски модули кои генерираат енергија и обезбедуваат сенка за внатрешноста на објектот.
Модулите се монтираат на посебна конструкција за таа намена, со цел модулите да го следат Сонцето. Системот е лесен и динамичен, а тестирањата потврдиле исклучителна отпорност на екстремни временски услови. Со користење на вештачка интелигенција, системот се прилагодува на потребите на корисникот, временските услови и потрошувачката на енергија, дозволувајќи контрола на позицијата на модулите во реално време, со цел постигнување на оптимална енергетска ефикасност.