Андреј Чолак од Риека, Хрватска, смислил „паметен“ чадор ‘Kisha’, кој со помош на модерната технологија може да ви каже дали треба да го земете и нема да ви дозволи да го заборавите.
Инспирацијата за овој паметен изум, прв таков во светот, според креаторите, се појавила минатата година, кога бевме сведоци на големи количества на врнежи. Овој пат, Андреј Чолак и неговиот тим проектирале поинаков чадор кој ќе им помогне на оние што често го забораваат својот чадор. Овој „паметен“ чадор има вграден bluetooth чип со кој ќе биде поврзан вашиот телефон, и со користење на апликација ќе ви биде кажано дали е време да го понесете со себе од дома.
Исто така, ако сте премногу далеку од својот чадор, тој ќе ви „јави“ за да не го заборавите. Конструкцијата на чадорот е отпорна на корозија, и внатрешниот дел е направен од полиуретан, што ‘Kisha’ го прави отпорен на ветер и ја намалува можноста за превртување на чадорот.