Во холандската провинција Брабант, деновиве е пуштена во употреба делница од неколку стотини метри автопат со несекојдневен дизајн. Наместо класичните светилки, автопатот го осветлуваат флуоресцентни маркери кои преку ден ја апсорбираат сончевата светлина. Патот ќе има и приоритетна лента за електрични автомобили и интерактивно осветлување. Стручњаците дошле на идеја за ваков концепт поради веќе застарениот начин на изведба на автопатиштата и бројните несреќи. Со овој концепт, дизајнот и технологијата се споени во практичен и успешен резултат.