Juan Sordo Madaleno (1916 – 1985) е еден од најважните мексикански архитекти на своето време. Тој работел со други реномирани архитекти, вклучувајќи ги Luis Barragán, Jose Villagran Garcia, Augusto H. Álvarez, Ricardo Legorreta, Francisco J. Serrano и José Adolfo Wiechers.
Архитектонски, тој првично е сместен во стилот на Баухаус и влијанието на Ле Корбизје. Sordo Madaleno е проектант на голем број хотели и станбени згради.
Во 1937 година, ја основа својата архитектонска фирма, денес позната како Sordo Madaleno Arquitectos SC.
Еден од неговите најзначајни објекти, кој се смета и за бруталистичка икона на Латинска Америка е зградата Palmas 555 во Мексико Сити.
Зградата Palmas 555 сместена е во регионот на градот наречен Lomas de Chapultepec и еден од последните проекти на Madaleno.
Оваа зграда изградена 1975 година е кула од девет ката за канцеларии, додека нејзиното постоље на две нивоа е наменето за комерцијални простори. Секој кат е хоризонтално повлечен, за да се создаде непогрешливо распореден профил на објектот. Покрај неговата привидна нестабилност, конструкција со крута рамка го пренесува оптеретувањето вертикално по целата висина на објектот. Секое ниво е формирано од полн парапед, превслечен со темен алуминиум, над кој се наоѓаат прозорци поставени на периметарот.
Означувајќи го како пример на „контра-тренд“ во контекст на мексиканската модерна и сопствената кариера на Sordo Madaleno, архитектонските критичари истакнуваат дека зградата „покажува дека напуштањето на ортогоналниот поредок, не е предуслов за постигнување провокативни форми“. Поради својата авангардна форма, оваа зграда денес е една од најпознатите градби на архитектот.