Во 8000 година пр. н. е. е изграден градот Ерихон, тој најстар град во светот. Мештаните велат дека тука секој камен ја раскажува историјата. Името Ерихон потекнува од христијанскиот збор Џерах (месечина), кое најверојатно произлегло од тоа што жителите негувале култ кон месечината. Затоа Ерихон го викаат месечев град. Има друга претпоставка, дека градот го добил името по семитскиот збор Џерихо, што значи бог на месечината. Оттука може да се заклучи дека ова е градот на богот на месечината и на опојните мириси, а во Библијата може да се сретне и како град на палмите. Тој се наоѓа 30 километри источно од Ерусалим и претставува зелена оаза среде пустина.
Во 3000-тите години пр. н. е. Кананите Арапи изградиле ѕид и кули околу градот за да се заштитат од нападите на окупаторите. Висината на ѕидот е од четири до шест метри, а на аглите се изградени високи кули, од каде преку тесни коси отвори, чуварите ги гледале убавите ливади и врвовите на планината Муаб, на источна страна на реката Јордан.
Мојсие го здогледал Ерихон од врвот на планината Муаб, ги видел палмите и планината над него. Но во тој миг, според легендата, неговото срце престанало да чука и паднал мртов. Го наследил Јошуа Бин Нун, кој потпишал договор со Муабиите и Уманиите, им дал злато и сребро, а за возврат му дозволиле да помине низ нивната територија за да стигне до Ерихон, градот на месечината. Легендата вели дека племето на Мојсие успеало да ја освои тврдината, влегле во градот, убивајќи ги Кананите Арапи Палестинци. Градот го запалиле и се обиделе да ги урнат ѕидините, но сепак Ерихон не умира докрај.
Градот Ерихон, со својата елегантна архитектура и зелени куќи покриени со ќерамиди, лежи помеѓу дрвја со портокали, банани, лимони и палми. Ерихон е чуден, необичен, но плоден, растат разновидни дрва екваторски, планински и приморски. Тој не e град, туку древна историја, на територијата на Ерихон се меша историјата со денешното време. Овој извонреден град го има единственото мртво езеро во светот со водена површина на -425 метри надморска височина, кое носи различни имиња: Езерето на Лут, Садум, Мртво Море и Езерото на Солта, чии бранови со илјадници години удираат на бреговите на планината Муаб.
Од врвовите на планината Муаб може да се види Ерихон опкружен со бронзени планини наутро, а сиви навечер. Планината Ал-Таџруба или Коронтул, како што ја нарекуват Палестинците, се гледа од многу далеко, а врвот ѝ е украсен со бели камиња во вид на круна. Внатре во срцето на планината, палестински наследници на христијанството, со генерации и генерации, стотици години се молат, очекувајќи Исус Христос повторно да се врати на земјата.
На врвот на историската планина Ал-Таџруба има илјадници куќи кои се изградени од кал и покриени со бамбус. Се протегаат во должина од еден километар и им припаѓаат на жителите на бегалскиот камп Еин Ал-Султан. Него од соседниот бегалски камп Ал-Нуеме го дели една длабока долина, а Англичаните преку неа изградиле еден мал мост за време на британската окупација на Палестина. Тука е лоциран бегалскиот камп Акбат Џабр, најголем палестински бегалски камп на патот кон Ерусалим. Помеѓу Ерихон и Акбат Џабр се наоѓа една жолта зграда која има голем двор и има само една врата опкружена со дрва од палми. Оваа зграда ја изградиле Англичаните како еден од многуте затвори во кои лежат илјадници палестински затвореници.
За време на британската окупација на Палестина оваа зграда била затвор за Палестинци и место за живеење на неколку фамилии на британски офицери, како последица на јорданската окупација на остатоци од историска Палестина. Во 1950 година јорданските окупатори ја наследиле жолтата зграда од Британците со минимални внатрешни измени, но објектот продолжува да функционира како затвор на стотици Палестинци. На местото на британскиот шеф на затворот, поставен е јордански шеф, но новите затвореници зад големите челични врати биле или стари затвореници или нивните деца или внуци, или од ист град или од соседните села. Палестински затвореници биле меѓусебно поврзани со дебели челични јажиња, но лежеле во просториите на коњи кои тогаш ги користеле британски офицери.
Објектот е приземје и кат, приземјето служи како затвор, место за коњи на еден од аглите, просторија за шеф на станицата, раководителот на тајната служба и големи простории за полицијата. На катот живееле фамилии на големите офицери и на тајната служба. По 1967 година како последици од израелската окупација на Палестина објектот станал станица за израелската полиција.
Во 15 век по едно големо археолошко ископување е потврдено дека куќите на сиромашните Кананите Арапи Палестинци биле поставени на ист принцип како куќите во сиромашните палестински села денес. Куќите на богатите фамилии биле многу големи со внатрешни централни дворови, имале посебни места за чувањето на жито и други намирници. Но археолозите нашле остатоци од ѕидините на Ерихон и од кулите на аглите кои биле срушени од Јошуа Бин Нун, наследникот на Мојсие. Неговите племења биле жедни за крв и одмор, ја лееле крвта, но не добиле одмор како последица на големиот инат на Кананите Арапи Палестинци и на нивната неограничена можност за отпор и трпење на многу тешкотии.
Кога стотици палестински мажи жени и деца побегнале од Ерихон, Муабиите направиле сојуз со окупаторите. Бегајќи, многу луѓе се удавиле во реката Јордан, но многу мажи, жени и деца стигнале до врвовите на планините и се криеле во пештери и меѓу дрвјата, се хранеле со плодови од земјата и почнуваат повторно да се борат против окупаторите на нивниот град и нивните сојузници Муабиите.
Изгледа дека Кананите Арапи Палестинци били одушевени од топлата и специфична клима на Ерихон и од многубројните водени извори и повторно го изградиле градот, засадиле многу дрвја, но не ги обновиле ѕидините и кулите на Ерихон, бидејќи биле уверени дека нема да ги штитат од евентуални нови окупатори. Сметале дека самите луѓе треба да бидат најголемиот штит на нивниот град, земјата и нивните деца и култура. Сонцето на Ерихон тече во нивната крв им дава здравје и сила, и се бореле десетици години додека не се вратиле во нивниот град.
Археолозите нашле и остатоци на коски од мали деца поставени во садови од глина и погребани под ѕидовите на куќите на Ерихон. Сметале дека старите Канани Арапи ги жртвувале своите деца во име на Бог за да ги заштитат своите куќи од рушење и проклетство. Но ова е комплетна погрешна претпоставка, а вистината е дека Кананите Арапи ги погребувале своите деца во близина на своите куќи верувајќи дека душите на децата треба да бидат во близина на нивните домови меѓу роднините и пријателите. Возрасните луѓе били погребувани во заеднички гробници за да не бидат осамени. Во овие гробници пронајдени се садови од глина и бакар, за јадење и пиење, затоа што верувале дека ќе ги користат во другиот живот. Оваа верба во моќта на животот е присутна до денес кај Палестинците во Ерихон.
Многу жители од Ерихон и од други палестински градови стотици години ги закопувале мртвите во заеднички гробници до пред многу краток период, а тоа го правеле и Палестинците бегалци, кога дошле во Ерихон кога ја загубиле својата земја.
Во 1948 година многу зелени ливади на Ерихон биле покриени со шатори на палестински бегалци кои бегале од Палестина во Хеброн и Витлеем, сè до Ерихон. На почетокот не можеле да ги поднесат горештините, многуте змии и скорпии и други отровни инсекти кои ги напаѓале па се вратиле во Хеброн и Витлеем, но кога дошла зимата побегнале во џамиите, црквите и манастирите бидејќи силните ветрови ги урнале нивните шатори.
Решени пак да се упатат кон топлиот град Ерихон за да се останат да живеат, почнале да одгледуваат овошки и зеленчук, па со тек на времето палестинските бегалци сè помасовно почнале да ја обработуваат неискористената земја околу градот. Така повторно се вратиле високите зелени палми. Палестинските бегалци почнале да прават куќи од тули, кал, слама и од бамбус што ги носеле од бреговите на реката Јордан. Така почнале да се создават новите генерации. Денес Ерихон е зелена оаза среде пустина, во која има куќи покриени со ќерамиди, а секаде околу нив стебла на портокали, банани, лимони и палми.
Комарци ги нападнале, некои лица биле потечени, жолти, топли, ладни, некои тела се треселе од болеста, а некои умирале. Во тие денови Палестинците бегалци ги погребале нивните мртви во заеднички гробници покривајќи ги нив со дебели ќебиња кои ги добиле како помош од Обединетите нации, но тие дебели ќебиња не ги заштитиле многу змии и скорпии. Во секој случај коските се мешаат, старите со младите дури не може вистинското око да ги разликува коските на сегашните дедовци и внуци од дедовците Канани Арапи Палестинци кои се погребани илјадници години. Палестинците ги погребале мртвите во заеднички гробници исто како што направиле нивните стари дедовци Кананите Арапи, но овој пат не им дале садови од глина и бакар верувајќи во моќта на живењето до денешните денови.
Палестинските бегалци во Ерихон секогаш биле тажни, и тука, ако правиме споредба помеѓу поезија; тага и болка, тогаш сите Палестинци се поети, разликата е што некој може да го изрази тоа што лежи во него, а некој не може, тие користат народни поговорки и тажни стихови. Летото во Ерихон е многу топло, чудно, кога дува ветерот и се виори песочната прашина како да дошол крај на светот. Некои верници со молитва, го молат Бога и велат дека ова се души на ѓаволите, понекогаш ветровите ги рушат шаторите каде што живеат, а некои од нив го проколнуваат овој тежок живот, но покрај сето тоа продолжуваат да живеат.
Многу ниви се шират околу Ерихон, создадени со потта и трудот на палестинските бегалци, кои користејќи ја својата вештина со земјата, ја израмниле и ја исчистиле.
Животот повторно се враќа по смртта, се зголемува искористеното земјиште и се шират зелените површини, повторно се враќаат високите палми кон небото на Ерихон. Жените работат од сабајле до вечер, отстранувајќи ги непотребните растенија меѓу дрвјата, собираат овошје и зеленчук во дрвени садови за да се транспортираат до далечните земји.
Година по година, скорпиите, комарците и другите инсекти почнуваат да исчезнуваат. И година по година, шаторите исчезнаа. Палестинските бегалци направија тули од кал, земја и слама и донесоа дрва и бамбус од близината на реката Јордан за своите куќи, потоа поставија подлога од кал што се суши на сонцето на Ерихон по два или три дена. Младите Палестинци од камповите одат во Ерихон шетајќи низ улиците на градот за да ги видат убавите палестински девојки, кои носат кратка боена облека за да ги покрие нивните убави тела од сонцето што им дава посебен изглед. Но големите кучиња со големите глави оддалеку им се приближуваат и лаат предупредувајќи ги своите сопственици за новите странци, а тогаш палестинските млади бегаат и трчаат, а во нивните срца има желба за љубов, но и страв.
Автор: проф. д-р Мумен АБУАРКУБ, дипл. инж. арх.
Ерихон градот на месечината
Кога зад планините
Месечината ќе се појави
И издигне на небеото
Со сета своја милина,
И сребрениот сјај
Помеѓу гранките и листовите
Што одблеснуваат,
Палестинците во Ерихон мислат
Дека никаде на светот
Не може да има
Таква месечина
Што ја има само нивното
Парче небо,
И која им припаѓа само ним,
Палестинците.
Кога таа истата месечина
Ќе ја осветли водата,
И ќе го направи патот чист
Капките што го обележуваат,
Дрвјата во Ерихон
Растат право високо,
Сè до месечевиот сјај.
Гранките тивко се преплетуваат,
До ноќта ваша.
А, месечината,
Блеска уште повеќе,
Па, ликот е поголем,
Како поблиску до земја.
Ерихон град на месечината,
Мислат едни.
Под знакот на сонцето,
Зборуваат други.
Низ него освојувачите
Често влегуваат јаки,
И низ порта
излегуваат како божем чисти.
Како чисти? Кога земјата
Се напи крв,
И се наполни со телата
На нејзините храбри синови!
А, Палестинките уште носат црно
Оттука,
Не случајно,
Ерихон е град историја.
Ерихон е град на месечината.