Насловна / Вести / Палестина – со енергија од Сонцето кон поголема енергетска независност

Палестина – со енергија од Сонцето кон поголема енергетска независност

Solarna elektrana vo Alzir

Американскиот портал ‘Renewable Energy World.com’, известува дека Палестина презема голем чекор кон поголема енергетска независност, со тоа што веќе ги објавила условите за конкурсот за изградба nа постројки за искористување на енергијата од Сонцето, со вкупна моќност од 100 MW. Во согласност со тоа, планирана е изградба на 10 соларни електрични централи со поединечна моќност од 10 MW, при што на конкурсот ќе победи оној кој ќе понуди најниска цена за така произведената електрична енергија. Со тоа,

Palestina Izrael kolaz

Палестина ќе се ослободи од големата зависност од увоз на електрична енергија од Израел, од каде покрива околу 95% од потребите. Планот е до 2020 година, оваа зависност да се намали на 50%, така што би се изградиле енергетски објекти (главно на соларна енергија и природен гас) со вкупна моќност од 600 MW, во што би биле вложени над 800 милиони долари. Кофинансирањето на овие проекти веќе е најавено од страна на Кина, и тоа во вредност од 200 милиони долари.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top