Насловна / Вести / Палео парк на Истра со силуета на диносаурус

Палео парк на Истра со силуета на диносаурус

На територијата на општина Бејл, во Истра, недалеку од Ровињ, изграден е Палео парк според проектот на архитектонската компанија NFO, кој комбинира забава и едукација за диносаурусите. А, зошто токму тука?

Paleo park

Имено, во текот на 1992 година, коските на диносаурусите се појавиле во заливот Колона, на бреговите на Бејл. Се претпоставува дека дури десет видови диносауруси живееле на овие простори, вклучувајќи го брахиосаурусот, односно еден од најголемите што одел по Земјата и чија тежина била до 30 тони, а должината од 20 до 25 метри.

Paleo park1

Поради ова историски значајно откритие, Бејл влезе во Светскиот список на палеонтолошки локалитети, а тоа е особено важно затоа што оваа локација е единствената во светот каде што се пронајдени фосилизирани остатоци од диносаурус под морето, а се претпоставува дека некои од нив се стари дури 200 милиони години. Сега може да се посети ова место и да се ужива во прекрасната архитектура.

Paleo park2

Палео паркот се наоѓа во рамките на кампот Мон Перин, и претставува комбинација од забавен воден парк и едукативен истражувачки полигон, а целта на комплексот е да се популаризира на овој начин и да го приближи овој археолошки локалитет до луѓето.

Paleo park3

Комплексот, организиран на површина од 16 илјади квадратни метри, содржи разновидни затворени простории лоцирани под зелени покриви кои со своите флуидни форми, многу убаво се вклопуваат во околните отворени простори и целата конфигурација на теренот.

Paleo park4

Веројатно најинтересниот сегмент на комплексот се отворените водни површини со силуета на диносаурус, што може јасно да се забележи при одење по патеките на покривите на зградите.

Paleo park5

Комплексот се состои од влезна сала со рецепција, голем базен, детски базен, базен каде може да се ужива во топли бањи, затворен угостителски објект, кој има покриен бар на отворено, и има бањи, простории за сончање и продавница за сувенири.

Paleo park6

Заедно со базените, има неколку скулптури во димензии на диносауруси во природна големина, а како дел од „археолошкиот локалитет“ на децата, во песокот може да се видат коски на диносауруси, а при одење по покривот, може да се следи развојот на влекачите на Земјата.

Paleo park7

За време на проектирањето, се внимавало да не се наруши постојната природна средина, со цел да се зачува автохтоната вегетација.

Како таков, Палео паркот е секако одличен пример за туристичка локација која е дизајнирана на начин да биде комерцијален, но со доза на едукативен карактер да ја претстави историјата на забавен начин.

Paleo park8

ФАКТОГРАФИЈА

Име на проектот: Парк Палео

Локација: Камп Мон Перин, општина Бејл, Истра, Хрватска

Површина на проектот: приближно 16.200 м2

Инвеститор: Пон Перин д.о.о.

Автор: NFO / Ката Маруница, Ненад Равниќ, Филип Видовиќ

Тим на проектот: Филип Видовиќ, Ана Беговиќ, Андреа Коцеj, Никица Павловиќ, Ката Маруница, Дијана Павиќ, Ненад Равниќ

Соработници: IF Projekt d.o.o., K-tim d.o.o., Termoprojekting d.o.o., Inspekting d.o.o., Magis Triton d.o.o.

Изведувач: Плима д.о.о.

Надзор: Иван Фабрис, АКО Проект д.о.о.

Година на дизајн: 2017 година

Година на имплементација: фаза 1 – пролет 2018 година, фаза 2 – пролет 2020 година.

Фотографии: Босниќ + Доротиќ

Дрон: Ненад Равниќ

Paleo park9

Paleo park10

Испрати коментар

Scroll To Top