Цените на недвижнините во Хрватска, огласени за продажба во мај 2015 година, паднаа за три отсто, во споредба со истиот месец лани. Во однос на претходниот месец, забележан е пад од еден отсто, според најновото истражување спроведено на пример од 155.000 недвижнини. Во однос на мај 2011 година, цените на недвижнините на хрватскиот пазар покажуваат пад од дури седум отсто.