Насловна / Вести / Пад на продажбата на топлински пумпи во Европа во 2023 година

Пад на продажбата на топлински пумпи во Европа во 2023 година

Топлинските пумпи се меѓу најважните технологии за декарбонизација на секторот згради. Во склоп на општиот тренд на електрификација, тие е доста заслужни за скок на побарувачката за расположив капацитет на електроенергетската мрежа и потребата за брзо унапредување на нивните карактеристики. Но, после цела деценија на силен раст, во 2023 година продажбата на топлински пумпи паднала за 4,7%, соопштила Европската асоцијација за топлински пумпи (EHPA) во извештајот кој опфаќа 44 земји.

ehpa1

Купени се 2,64 милиони уреди, со што е сменет трендот од претходните десетина години. Ова успорување на секторот веќе ги принудува производителите да го намалат бројот на вработени, или барем на работните часови, па досега подготвиле и врачиле три илјади откази. Продажбата на топлинските пумпи ослабела во Франција, Италија, Шведска, Финска, Полска, Данска, Австрија и Швајцарија. Во Португалија, Белгија, Норвешка, Холандија, Шпанија и Германија бројките навистина белажат раст, но тоа не е доволно за да го покријат вкупнот пад. Вкупната продажба се намалувала секое тромесечие. Дотолку повеќе, дури и во многу земји каде е забележен годишен раст, кварталната продажба паднала кон крајот на годината. Аналитичарите на пазарот очекуваат дека негативниот тренд ќе се одржи во добар дел од оваа година. Од друга страна, новите податоци од Велика Британија кои сеуште не се опфатени со анализата, навестуваат дека во таа земја продажбата имала раст од 4%.

ehpa2

Падот на продажбата се поклопил со одложувањето на т.н. Акциски план за топлински пумпи, кој треба да го објави Европската унија. Високите каматни стапки и измените на прописите и мерките на национално ниво, ја отежнуваат ситуацијата за инвеститорите и купувачите, потсетува EHPA. Оваа организација проценила дека вкупниот број на топлински пумпи во ЕУ, Британија, Норвешка и Швајцарија веќе достигнал 23 милиони.

ehpa3

 

Испрати коментар

Scroll To Top