Насловна / Вести / Пад на емисиите предизвикани од деловните патувања со авион

Пад на емисиите предизвикани од деловните патувања со авион

И покрај глобалното опоравување после пандемијата, сепак деловните патувања бавно се враќаат на нивото од 2019 година, со оглед дека многумина се свртеа кон видео конференции или пак на патувања со железница како одржлива варијанта на летањето со авион. Глобалните компании за деловни патувања велат дека овој тренд би можел да ги погоди корпоративните односи.

emissions1

Групата Transport and Environment, која го промовира одржливиот сообраќај во Европа, вели дека оваа деценија е потребно намалување на деловните патувања за 50% во однос на нивоата пред пандемијата, со цел глобалното затоплување да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови. Големите компании, како што се технолошката фирма SAP, консултантските куќи PwC и Lloyd’s Banking Group, ги намалиле емисиите на своите корпоративни авионски патувања за над 75% во споредба со 2019 година, се заклучува во анализата на компанијата Travel Smart која е наречена Travel Smart Emissions Tracker. „Напредокот се остварува со соработка преку повеќе онлајн состаноци, повеќе патувања со воз а помалку со авион“, рекла Дeниз Оклер, менаџер на кампањата Travel Smart. Но, од друга страна, откриено е дека 21 компанија има надминување на нивоата на летање во споредба со 2019 година, а Американските компании L3Harris, Boston Scientific и Marriott International ги зголемиле своите емисии за повеќе од 69% во споредба со 2019 година.

??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Авио компаниите во почетокот биле загрижени дека падот на корпоративните патувања ќe наштети на нивното работење и економските резултати, но големата побарувачка на лаетови кај граѓаните после пандемијата ја ублажила таа загриженост. Деловните патувања учествувале со речиси половина од приходите на американските авио компании пред пандемијата. Во Европа, авио компаниите како што е Air France ги промениле своите стратегии, додека други компании се обидуваат да го надоместат ова, со продажба на повеќе премиум патувања за физички лица.

Испрати коментар

Scroll To Top