Насловна / Интервју / ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ

ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ




Транзицијата е време

без стандарди за проектирање

 

Image 

 

ВРЕДНУВАЊЕТО НА МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА, КАКО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА АРХИТЕКТУРАТА ВООПшТО Е ПРАшАЊЕ НА

ИЗГРАДЕНИ КРИТЕРИУМИ И ЛИчЕН СТАВ КОН НЕА. СЕКАКО ДЕКА ВОМАКЕДОНИЈА ИМА ОБЈЕКТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ

ЗАчУВАМЕ
ОД ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО
ВЕЛИ АРХИТЕКТОТ АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ КОЈ Е ОВОГОДИНЕшНИОТ 19-ТИ ПО

РЕД ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗАжИВОТНО ДЕЛО НДРЕЈА ДАМЈАНОВ#, шТО ЈА ДОДЕЛУВА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА

АРХИТЕКТИ НАМАКЕДОНИЈА (ААМ)

 

– ”Мавровоинженеринг” на чие чело сте Вие е релативно “млада” фирма. Каква е разликата да се работи во голема и верувам гломазна компанија, како што беше АДГ “Маврово” и во вашата сегашна фирма?

Се согласувам дека “Мавровоинженеринг” е релативно млада фирма, но не и мала, бидејќи денес брои околу 800 вработени со тенденција за понатамошно зголемување. Разликата помеѓу “Маврово” и “Мавровоинженеринг” е принципиелна во начинот на раководење на фирмите, т.е.”Маврово” е АД со свој управен и надзорен одбор, а “Мавровоинженеринг” е приватна фирма со која управува управител назначен од сопственикот на фирмата. Кога човек се однесува професионално кон своите обврски не мислам дека има некаква голема разлика во исполнувањето на поставените задачи, во каква било фирма да се работи.

Image 

– ”Мавровоинженеринг” од неодамна е сопственост на хрватска “Ингра”. Што донесе ова преземање?

Јас сум поставен за управител откако “Ингра” го презеде “Мавровоинженеринг” на почетокот на јули оваа година и прерано е да се даваат некакви оценки што ќе донесе ова преземање.

– Какви градежни активности изведува “Мавровоинженеринг” и каде?

”Мавровоинженеринг” изведува работи од областа на нискоградба, високоградба и хидроградба. Денес работиме на пазарите во Македонија, Бугарија, Косово и во Русија. Во Македонија се работи на објекти од нискоградбата како: трета лента на патот Градско-Прилеп, патот за ски-центарот “Кожуф”, улици во “Бунарџик”, потоа работиме на асфалтирање на улици во Скопје, Куманово, Битола, Струмица и во други помали општини. Во преговори сме и за почнување на работите на автопатот Табановце, исто така очекуваме и некои нови работи на регионалните патишта во Македонија. Од областа на високоградба се работи на станбена зграда во населба Лисиче и очекуваме почеток на станбена зграда во Битола. Исто така, се работи и на трафостаница на “Бунарџик”. Во завршни преговори сме со “Агрокор” за почнување на објектот во Струмица. Во Бугарија го завршивме првиот дел од автопатот од Перник кон Софија и очекуваме продолжување на работите на вториот дел од овој автопат. Неодамна заедно со “Ингра” добивме еден тендер за два моста во Косово и деновиве се очекува да почнеме со работите.

Во Руската Федерација моментално во завршна фаза се работите на еден спортски центар во градот Астрахан, а во истиот град работиме на изведба на три висококатници. Исто така, имаме потпишано нов договор за изведба на трговски центар во градот Оренбург со површина од околу 30.000 квадратни метри. Во преговори сме и за нови договори за објекти од високоградбата. Преку “Ингра” работиме и во Алжир.

Image– За “Маврово” Вие сте работеле во Русија. Колку тоа искуство и контактите што сте ги остварувале таму Ви помагаат во Вашата сегашна работа како прв човек на “Мавровоинженеринг”?

Да бидам искрен, премногу. Искуството задобиено во моите над 10 години работење на просторите на Украина и Русија е повеќе од значајно за понатамошно успешно присуство на “Мавровоинженеринг”, посебно на пазарот во Руската Федерација. Многуте деловни контакти, успешната соработка како со руските, така и со некои странски инвеститори дава несомнена гаранција за успешно понатамошно работење на тие простори.

– Дали и поранешниот бренд “Маврово” со долгогодишна традиција во градежништвото му помага на “Мавровоинженеринг”при обезбедување на работа во странство?

Сигурно дека брендот на “Маврово” кое е присутно на овие простори повеќе од 30 години значи многу, како и фактот што во последниот период една иста личност ги претставуваше и “Маврово” и “Мавровоинженеринг” во Русија. Да не заборавиме дека “Мавровоинженеринг” всушност произлезе од “Маврово”, односно беше формирано како ќерка фирма на “Маврово”. На тој начин фактички “Мавровоинженеринг” го продолжува успешно развивањето на тој бренд, справувајќи се со сите предизвици кои ги носи со себе овој пазар.

– Вашата фирма ја доби работата на првиот објект што се изгради во економската зона “Бунарџик”, фабриката на “Џонсон контролс”. Работевте дома за странски инвеститор. Какво е тоа искуство и дали сте задоволни од таа работа?

Во времето на реализацијата на оваа фабрика јас бев на работа во Русија, но со преземањето на “Мавровоинженеринг” подетално навлегов и во проблематиката на работа со странски инвеститор во Македонија. Можам да кажам дека странските инвеститори се големи професионалци во своето работење и со нив треба да се биде внимателен во потпишувањето и преземањето на договорните обврски, кои се секогаш во полза на странските инвеститори, кои инсистираат да се работи по странските правила. За жал, ние во Македонија се уште немаме создадено свои македонски правила и нормативи на работење. Во секој случај, искуството здобиено од работата на оваа фабрика може само да ни помогне во понатамошното работење со странски инвеститори во Македонија.

– Каков амбиент за работа на градежни фирми има во Македонија?

Не сум многу одушевен од амбиентот за работа на градежните фирми во Македонија. Тука имаме посериозни проблеми кои веројатно не можат така брзо да се надминат. Пред се мислам на нелојалната и непринципиелна конкуренција меѓу македонските градежни фирми од една и конкуренцијата што ја имаме од странските градежни фирми, од друга страна. Секаде во светот се штитат интересите на домашните фирми што јас не чувствувам дека е случај и кај нас. Често пати тоа е врзано и со меѓународните тендери на кои се инвестираат странски пари и се поставуваат такви услови кои мал број наши фирми можат да ги исполнат, без разлика на тоа што потоа повторно ние, односно македонски фирми ќе ги изведуваме работите, бидејќи скоро ниедна странска градежна фирма нема во Македонија ниту опрема, ниту работници за изведување на работи. Освен тоа, во внатрешното работење се појавуваат тендери обично на локалните самоуправи каде по нивното отворање ќе прочитате дека се работи без аванс, а со плаќање по 500 или повеќе денови, што е во најмала рака иронично и нереално. Тоа значи дека се уште немаме поставено правила на игра, односно регулатива која сето ова би го поставила во некакви реални и разумни рамки.

– Последниве години во нашата земја има хроничен недостиг на кадри за градежништвото. Дали го чувствувате овој проблем и како го решавате?

Во работењето во Македонија и со преземањето на околу 800 работници од “Маврово” сега за сега ние го немаме тој проблем што се должи и на недоволно обезбедена работа во Македонија. Во работењето надвор од Македонија ние се обидуваме да најдеме соодветни кадри од просторите на поранешна Југославија и најмногу соработуваме со фирми од Србија. Исто така, за одреден вид работи користиме и месни фирми од државата во која работиме. Но, повеќе од јасно е дека таков проблем во Македонија постои.

– Имате ли некои сугестии како да се надмине?

Решавањето на овој проблем го гледам во отворање на образовни центри за сите видови на градежни работи кои за нас се важни. Исто така, треба да се подигне и нивото на заработката во градежништвото за да се создаде интерес кај младите луѓе за занимавање со оваа професија.

– Градежниот бум што се случи во регионот ја одмина Македонија. Имате ли свое толкување за ова?

Ова е малку покомлексно и сложено прашање, веројатно повеќе врзано со политичката ситуација во која се наоѓаме. Странските инвеститори сакаат да инвестираат во стабилни подрачја со разрешени внатрешни и надворешни проблеми каде ќе им биде загарантиран профитот кој сакаат да го остварат. Веројатно Македонија се уште не направила доволно странските инвеститори кај нас да се чувствуваат посигурно, иако честопати тоа не зависи исклучиво од нас, туку и од политиката на големите светски сили.

 

– Деновиве странски експерти ги советуваа Хрватите да ги намалат инвестициите во патишта и други скапи објекти. Во ова време на глобална економска криза, очекувате ли сериозна рецесија и во градежништвото?

Рецесијата во градежништвото во светот веќе е започната. Прекинати се голем број кредити кои се одобрувале за градење, во голем број земји се стопирани хипотекарните кредити за купување станови. Некои банки се уште одобруваат кредити, но со значително зголемени годишни проценти и каматни стапки. Мое мислење е дека некакво драстично подобрување тешко можеме да очекуваме до пролет идната година, што сигурно ќе зависи во многу од економската состојба во светот, пред се во Америка и Европа, вклучувајќи ги секако и Руската Федерација, Кина и Индија. И во Русија е криза. Новите инвестиции што беа одобрени во градежништвото беа стопирани кога почна кризата. Сега руската влада прави некои интервенции, дава некои пари таа да не се почувствува. Владата на Путин прави се за да се минимизираат какви било проблеми, но, иако не сто отсто, кризата сепак се чувствува. Но во Русија има пари. Со едни руски инвеститори деновиве бев во Загреб за еден огромен проект. Ако го потпишеме, мислам дека во наредните пет-шест години тој ќе ги извади од кризата целата македонска и хрватска градежна оператива. Вредноста на проектот кој е подолгорочен, ќе трае шест-седум години, е многу голема. Сега се прават организационите и проектните работи и веќе во март ќе знаеме дали ќе влеземе во тој проект или не. Сепак, постои една опасност, поради недостиг на кадар и во Македонија и во Хрватска, да не можеме да го завршиме овој проект. Јас веќе имав некои контакти со нашите големи градежни фирми, со кои треба да направиме и еден друг договор, да се договориме да не си конкурираме, да не си ставаме сопки. Веќе имав еден успешен разговор со “Гранит”, каде што размислуваат исто. Тоа мора да се надмине, зашто поради нашите меѓусебни недоразбирања работата ни ја земаат фирми од надвор.

– Многу градежни компании имаат проблеми со обезбедување на банкарските гаранции кои им се бараат на тендерите во странство. Како вие се справувате со овој проблем?

За наша среќа досега никаде каде што сме работеле не ни е барана гаранција. Сме добивале и аванси без гаранции. Тој однос е заснован на некаква доверба и лично познанство. Бидејќи нам не ни бараат гаранција за аванс, и ние не бараме гаранција за плаќање. Но, времињата се менуваат. Сега се бара задолжително да обезбедиме гаранција за плаќање, зашто се случи на неколку проекти да имаме проблеми со последните плаќања. До сега сме добивале аванси, а не ни биле побарани гаранции, но сега, бидејќи ќе бараме гаранции за обезбедено плаќање, и ние ќе даваме гаранции за аванс. Ова се однесува на Русија. Тука, во Македонија, имаме добар однос со НЛБ Тутунска банка и со нив имаме една рамка на одредена сума пари, така што дома гаранциите не ни се проблем.

– Кај нас се уште не се издаваат лиценци за работа на градежните фирми, ниту пак сите предвидени овластувања за инженерите. Дали кога работите во странство ви ги бараат овие документи?

Во Русија работиме исклучиво со лиценца, која ја добиваме од нивниот лиценционен центар. Таму ја доставуваме документацијата што ни ја бараат како на странска фирма. Ние имаме лиценца за работа на фирмата во Русија, а нејзиното добивање е процес кој трае. Во Косово неодамна отворивме претставништво на “Мавровоинженеринг” и добивме лиценца за работа.

 

Светлана ВУКЧЕВИЌ
Објавено во број 94.

Испрати коментар

Scroll To Top