Дупката во озонот е откриена во 1985 година. Низ годините, ситуацијата само се влошуваше, но последниве две години, првпат има знаци за постепено враќање на нивоата од 80-те години на минатиот век.
Некои научници тврдат дека тоа сепак не се должи на напорите на човекот. Намалувањето на озонската дупка последниве две години всушност претставува природна варијација и изгледите за подобрување се само привидни, велат експертите.
Долгото присуство на облаците придонесуваат за концентрација на хлор и бром во атмосферата, што води до оштетување на озонскиот слој. Нивото на тие елементи останува високо и озонската дупка не може целосно да „се закрпи“.
Просечната дебелина на озонскиот слој околу Земјата е три милиметри или меѓу 300 и 500 единици „добсон“, како што велат експертите. Во најлош случај, дебелината изнесува само 136 добсони, а се тврди дека се забележани реони каде што присутноста на озон е нулта.
Добрата вест е дека изминатава година тоа не се случило никаде.