Овошните керамички скулптури во облик на јаболко од Bull&Stein претставуваат нова енергија за секој ентериер …
Уметницата и дизајнерка Lisa Pappon комбинира класични и неконвенционални бои во оваа колекција, која во помал број исто така вклучува и форми на круша, цреша и лимон, а кои изгледаат толку сочно што човек ќе помисли дека се за јадење. Колоритниот спектар составен од розова боја, небесно-сина, пролетно-зелена, минималистички бела или драматична црна боја се појавува во мат, сјајна
или кадифена обработка.
Овие големи скулптури даваат надреален елемент во кој и да било надворешен или внатрешен амбиент.