Кируна е шведски град кој се наоѓа на самиот раб на арктичкиот круг и брои нешто повеќе од 18.000 жители. Фактот што тој наскоро ќе биде преместен три километри источно, нема ништо заедничко со климатските промени, што веројатно е првата асоцијација.
Кируна е основан во 1900 година од страна на државната рударска компанија, и оттогаш опстојува како индустриски град.
Денес градот е сериозно загрозен, бидејќи блиските рудници ги продлабочуваат своите копови, па теренот е нестабилен и претставува закана за објектите во градот. Рударската компанија LKAB одлучила да вложи над милијарда долари во проектот за преселба на комплетниот град на нова локација.
Преселбата ќе се реализира во фази и ќе трае во наредните неколку години. Досега веќе се преселени околу 10% од населението.