Ако имате проблеми со интернетот во вашиот стан, причината не мора да биде сигналот што доаѓа од операторот. Понекогаш решението е многу поедноставно, а не би ни помислиле на тоа.
Проблемот може да бидат предмети или уреди во вашето домаќинство што пречат на сигналите. Најчестиот, верувале или не, тоа е огледало!
Некои огледала, особено големите ѕидни, можат да влијаат на јачината на интернет сигналот бидејќи се направени од тенок слој метал кој обично предизвикува ваков тип на пречки, пишува The Sun.
Затоа се советува рутерот да го држите најмалку еден метар подалеку од огледало!
Експертите предлагаат да пробате уште една едноставна работа – „тестот за контакт со очи“. Тоа всушност значи дека најдобро би било, ако е можно, да го чувате рутерот онаму каде што ви е најпотребен, односно можете да го видите (да речеме, во работна соба).
Ако имате проблеми со вашиот интернет сигнал, можеби можете да испробате и насочувачи на сигнал. Тие работат така што примаат сигнал од рутер и потоа го пренасочуваат. Тие можат да бидат добро решение за големи објекти, каде што има многу ѕидови или некои поголеми предмети кои можат да претставуваат пречка.