Насловна / Архитектура / Овој облакодер во Дубаи е широк колку стан, а висок 380 метри

Овој облакодер во Дубаи е широк колку стан, а висок 380 метри

Шпанското биро RCR Arquitectes, добитник на Прицкеровата награда за архитектура во 2017 година, го претстави проектот за облакодерот Muraba Veil, планиран во центарот на Дубаи. Со висина од 380 метри, оваа градба е специфична по тоа што ќе биде широка само колку еден стан во неа.

Архитектонскиот тим го опиша објектот како „невообичаено тесен“ облакодер, бидејќи фасадата ќе има ширина од само 22,5 метри. Идејата е на овој начин зградата да се издвојува меѓу многуте градби на оваа светска метропола.

„Импозантен, но суптилен, Muraba Veil се издигнува од дините над космополитскиот и футуристички градво Обединетите Арапски Емирати, претставувајќи храбра, спектакуларна визија што ќе ве застане во од, дури и во архитектонска панорама каква има Дубаи“ – велат шпанските архитекти.

Ваква структура, чии необично тесни профили и изгледи можат да се постигнат само со најновиот дизајн, сепак е инспирирана од домашната архитектура која датира со векови, стремејќи се да ги задоволи основните човечки потреби за засолниште, безбедност, приватност и блиска врска со природата.

Облакодерот ќе има 73 ката и ќе содржи 131 стан, така што секој ќе се простира на ширината на зградата, овозможувајќи поглед од внатрешноста во двете насоки.

Освен станови, Muraba Veil ќе има и спа центар, ресторан, уметничка галерија, терен за падел, сали за состаноци, приватно кино и заеднички простор во својата база што ќе потсетува на песочни дини.

Целата зграда ќе биде обвиткана со мрежа од нерѓосувачки челик, а според тимот, проектот на становите е инспириран од типични локални куќи, каде што секоја е распоредена околу „арапскиот двор кој овде е реинтерпретиран“.

„Ние сме страсни во намерата да осигураме нашите згради се ускладени со местото, да припаѓаат на локацијата и домашниот пејзаж во кој се наоѓаат. Тие мора да комуницираат со природата и да бидат проткаени со атмосферата на локалната култура“, изјави за Dezeen основачот на RCR Arquitectes, Рафаел Аранда.

Испрати коментар

Scroll To Top