Насловна / Вести / Овој мостот во Белгија може да се спушти или подигне за дури 130 центиметри

Овој мостот во Белгија може да се спушти или подигне за дури 130 центиметри

Во единствен пејзаж обликуван од децениското рударство, белгиското биро BuroLandschap проектирало пловечки понтонски мост кој на велосипедистите и пешаците им дава несекојдневно искуство на преминување преку езерото.

Преку прилагодување на променливите нивоа на водата, овој мост им овозможува на своите корисници значително да се доближат до површината на водата, а со тоа да доживеат динамично искуство и да уживаат во различни глетки.

Рударска историја на локацијата

Сместен на границата меѓу градовите Dilsen-Stokkem и Maasmechelen, мостот е креиран со идеја пешаците и велосипедистите на безбеден и возбудлив начин да го преминат езерото, кое се формирало со вадење чакал во периодот на индустриската револуција во текот на 20. век.

Иако вадењето на суровини одамна престанало, историјата на рударството продолжува да ја дефинира уникатната топографија на областа, а од почетокот на 21. век овој трансформиран пејзаж станал центар за релаксација и рекреација, чиј фокус се велосипедистите и пешаците.

Бирото BuroLandschap го интегрира понтонски мост во пејзажот и физички поврзува две рударски депонии. Архитектите при проектирање на мостот, биле инспирирани од природните форми, како и од Фибоначиевата низа, а мостот има закривена органска форма, објаснуваат од белгиското биро.

На овој начин, со закривувањата се забавува темпото на движењето на велосипедистите и пешаците, поттикнувајќи ги да застанат и да уживаат во спектакуларниот поглед на околината. Со должина од 400 метри, овој мост е најдолгиот пловечки велосипедски мост во Белгија.

Направен од 30 модуларни елементи

Мостот е направен од 30 модуларни елементи кои се поврзани на начин што овозможува флексибилно прилагодување на промените на нивото на водата, со оглед на тоа што конструкцијата може да се спушти или подигне за дури 130 центиметри.

Со овој проект, преку хармонична комбинација на инженерство и дизајн, создаден е симбиотски однос помеѓу пејзажот, природата и рударското наследство на оваа област.

Испрати коментар

Scroll To Top