Насловна / Вести / Овие земји се предводници на енергетската транзиција

Овие земји се предводници на енергетската транзиција

Лондонската консултантска куќа E4tech и Империјалниот колеџ, изработиле извештај за државите предводници на зелената револуција, како и за оние кои се наоѓаат на дното. Целта на групата научници е да обезбедат подобар увид во декарбонизацијата на глобалниот енергетски систем и оценка за брзината на трансформација на националните електроенергетски системи.  Со студијата биле опфатени пет енергетски индикатори: раст на уделот на обновливи извори на енергија во енергетскиот микс, падот на нивото на екплоатација на фосилните форива, степенот на „електрификација“на возниот парк, развиеност на технологијата на зафаќање и складиштење на јаглерод диоксид, и подобрување на енергетската ефикасност.

Во текот нa 2017 година, светскиот просек на јаглеродната интензивност во производството нa електрична енергија бил 450 gCO2/kWh. Во изминатата деценија оваа бројка забележала пад од 7%. Притоа, само 16 земји имаат пониска вредност од просекот. Најуспешни резултати оствариле Норвешка, Шведска, Франција и Нов Зеланд. Јаглеродиот отпечаток на нивните електроенергетски мрежи е речиси еднаков на нула, благодарение на големиот хидропотенцијал и нуклеарките. Енергетските системи на Кина, Индија, Полска и Јужна Африка се исклучително зависни од фосилни горива (јаглен и гас), па затоа тие имаат двојно повисока јаглеродна интензивност од проесекот.

Од 2008 до 2017 година, капацитетите за производство на енергија ширум светот се проширени со 1125GW новоинсталирана моќност во обновливи извори, при што најголем е уделот на ветерни и соларни електрични централи.

energyr3

energyr2

energyr1

 

Испрати коментар

Scroll To Top