Насловна / Вести / Овие работни места во иднина може да ги замени вештачката интелигенција

Овие работни места во иднина може да ги замени вештачката интелигенција

Програмите за вештачка интелигенција (АI – Artificial Intelligence) постепено се применуваат во секојдневниот живот. Користењето на такви програми, во кои е доволно да се внесат одредени информации во форма на слики или клучни зборови и да се добиe резултат, може да доведе до готови проекти за кратко време.

1

Не се потребни учење и вежбање на вештини, туку само генерално знаење за темата која АI програм може ефикасно да ја обработи. Во моментов, најголемо присуство на АI алатки може да се види во светот на уметноста, но на кои други начини тие можат да се интегрираат во секојдневниот живот и да ги заменат „човечките несовршености“ во деловниот свет?

0

АI Наставник: Голем извор на информации и акцент на индивидуалното образование. Неуморна настава, без потреба од годишни одмори и паузи меѓу часовите. Работата ќе се одвива без „излишни“ човечки атрибути како што се емпатија, градење блиски односи и создавање заедница меѓу учениците.

АI Менаџер: Програм може да анализира трендовите во маркетингот и однесувањето на купувачите за да се развие најефеикасна маркетинг стратегија. Човечкиот дел од работата, како што се креативноста и разбирањето на човековите потреби, повеќе не е приоритет.

01

АI Дизајнер: Без разлика дали се работи за графички дизајн, ентериер, мода итн., АI може ефикасно да ги анализира предходните трендови и популарни производи низ годините. Користејќи ги претходно смислените идеи, програмот ќе склопи нови верзии на функционален и естетски прифатлив дизајн. Оригиналност, личен допир и уметнички инстинкт нема да бидат потребни.

АI Рецепционер: Програмот е способен за ефикасно организирање на хотелска соба, плаќање и резервации. Може брзо да одговара на пораки и повици во секое време од денот и да го реши проблемот. Емпатијата и разбирањето на индивидуалните потреби и желби на гостите нема да бидат во описот на пресметаниот систем.

3

АI Музичар: Прецизно спојува одредени зборови и звуци, користејќи илјадници човечки проекти како референца. Со добро споени информации и хармонични ноти, може да „склопи“ задоволувачка песна. Човечката ранливост од која се развива креативноста и оригиналниот звук не е на прво место.

AI Писател: Без разлика дали се работи за книга, вест или сценарио за филм, AI програм ќе користи претходно собрани информации и статистики, користејќи ги за креирање засебен проект. Акцентот е на точноста и брзината, а не на интерпретација на општествениот и историскиот контекст и доловување на приказната и подлабокото значење.

6

AI Преведувач: Точност во преводот на зборови и сложени реченици за кратко време, но и недостаток на разбирање на културниот контекст и пренесување на подлабоките чувства и значење на оригиналниот текст.

AI Менаџер за производство: AI може да го анализира пазарот и статистиките, создавајќи соодветна деловна стратегија за да се добијат задоволителни резултати. Индивидуалните потреби на купувачот не се земаат предвид.

AI Менаџер за човечки ресурси: Може да врши прегледи на квалификација на вработените и финансиски прегледи, а завршува и административни работи во краток временски рок. Способноста да се разбере човековата природа, желбите, креативните способности и индивидуалното задоволство на вработените не е целта на програмите за вештачка интелигенција.

Испрати коментар

Scroll To Top