Бронзените статуи на Мик Џегер и Кит Ричардс, основачите и се уште активни членови на Ролинг Стонс, откриени се во нивниот роден град Дартфорд во Кент.
Бронзените статуи, нарачани од градскиот совет на Дартфорд, ги прикажуваат фронтменот и гитаристот на Ролинг Стонс сред настап – Мик Џегер како се шета наоколу во тесни панталони со микрофон во раката, додека Ричардс е во препознатлива поза наведнат над неговиот „телекастер“.
Бронзените фигури наречени The Glimmer Twins (заедничкиот псевдоним под кој Џегер и Ричардс ги компонираа и продуцираа албумите на „Стонси“) ги креирала Ејми Гудман, уметница која и самата признава дека е голема обожавателка на бендот.
Гудман рече дека е чест и привилегија да се прикажат две „неверојатни музички икони.“ Таа истакна дека нејзината цел била да ја долови нивната енергија и хемија.
Избрала да ги овековечи своите музички идоли во бронза, онака какви што беа во осумдесеттите години на минатиот век, а во текот на десетте месеци работа на статуите ја слушала музиката на „Стоунси“.
„Бев нервозна и под голем притисок бидејќи се такви икони“, признала уметницата.
Локалниот општински функционер Џереми Кајт истакна дека момчињата од малиот Дартфорд денес ги препознава и сака целиот свет.
„На полето на културата и музиката, не постојат многумина кои се повлијателни од Ролинг Стонс. Нивната музика го смени лицето на популарната култура и овие момци од Дартфорд сега се двајца најпрепознатливи и најсакани луѓе во светот“, рече Кајт.
На откривањето на статуите во центарот на Дартфорд присуствуваа ќерката на Ричардс, Ангела и внуката Ава, а самиот Кит на социјалните мрежи сподели фотографија од статуите со два палци нагоре во знак на одобрување.
Мик Џегер и Кит Ричардс се родум од Дартфорд. И двајцата учеле во истото основно училиште Вентворт, но оделе во различни средни училишта, па затоа се сретнаа како тинејџери на перон на градската железничка станица во 1961 година.
Веќе следната ги основале Ролинг Стонс, кои ќе станат еден од најуспешните бендови во историјата. Џегер неодамна го прослави својот 80-ти роденден, но Glimmer Twins сè уште создаваат музика и „дигаат прашина“ на бините ширум светот.