Во Аспен иако температурите се под нулата и снегот ја покрива земјата, одморот таму навистина може да биде како ден на плажа.
Во јануари, AspenX, премиум компанија, го лансираше Snow Beach, направен во партнерство со уметничкиот фотограф Греј Малин.
Според компанијата, Snow Beach им нуди на скијачите врвно искуство на патеката. Сместена на падините на Аспен, „Снежната плажа“ ветува дека ќе биде „уникатен клуб“ кој на посетителите им нуди епски поглед на околните врвови.
„Воодушевен сум што од партнерството со AspenX за да ја оживеам мојата уметничка визија за Снежната плажа“, вели Малин и додава: „Минатата есен, прошетав по целиот дел на Саут Бич во Мајами, проучувајќи разни клубови на плажа за да почнам да го скицирам изгледот, мебелот и конструкцијата“.
„Повикувајќи се на мојата сопствена архива на фотографии од воздух, бев инспириран да вградам винтиџ естетика со разиграни детали како што е пругастиот дизајн на кабините на ‘плажа’ и трибините за спасувачи. Мојата цел беше да создадам импресивно искуство инспирирано од мојата работа и да оддадам почит на шик културата на apre-ski стилот што Аспен го усоврши. Сакам гостите да можат сами да фотографираат и да создаваат свои уникатни спомени во Аспен“.
Проектот Snow Beach исто така имал помош, благодарение на тимот кој стои зад единствениот хотел со пет ѕвезди во Аспен, The Little Nell. Тимот помогнал да се уреди амбиентот на отворено, кој вклучува декор со тема плажа, пијалоци и услуга за храна, вклучувајќи избор на кавијар, парчиња пица од црн тартуф и домашна пченка.
Опциите за резервација вклучуваат единечни лежалки со купување на половина шише шампањ или розе, кабина за двајца со шише шампањ или розе или кабина за шест лица со три шишиња шампањ или розе. Цените на пакетите и резервациите се движат од 300 до 4.800 долари, во зависност од изборот на шишиња и големината на групата. Само погрижете се правилно да ја планирате вашата посета – Snow Beach ќе биде отворена од 18 февруари до 27 март.