Во Нов Зеланд чести се градовите подигнати на планински падини, а во еден од нив се наоѓа и најстрманата улица во светот. Улицата „Болдвин“ е долга само 350 метри и официјално е прогласена за најстрмна во светот.
Поради големата стрмност во горниот дел, улицата е прекриена со бетон бидејќи во текот на летото поради високите температури асфалтот може да се излизга долж стрмнината.
Улицата ја проектирале британски инженери кои никогаш не стапнале на тлото на Нов Зеланд, а проектирањето го извршиле врз основа на мапи од теренот.