Насловна / Арт и дизајн / Оваа топла кафена нијанса е Pantone боја на годината за 2025 година

Оваа топла кафена нијанса е Pantone боја на годината за 2025 година

Секој декември се запознаваме со бојата за претстојната дизајнерска година, која веќе четврт век ја избира Институтот за бои Pantone, дел од познатата американска компанија Pantone LLC.

Овој пат, нивниот „хит“ за 2025 година би требало да биде PANTONE 17-1230 Mocha Mousse, топла, смеѓа нијанса која потсетува на чоколаден мус и лате кафе, а има за цел да внесе чувство на удобност, интимност и елеганција.

Потсетник на слатките задоволства

Оваа боја може да се карактеризира како разноврсна нијанса која може да се комбинира во различни палети. Почнувајќи од монохроматски земјени тонови до комбинации со нежни пастелни бои, а дури би можела да се поврзете во малку поегзотични комбинации со живи бои, кои ќе го избалансираат суптилниот тон на Mocha Mousse.

Низ еволуцијата на изборот на бои во последниве години, и преку минатогодишнатта Peach Fuzz, Pantone сакаше оваа година да донесе помека нијанса поблиску до земјено кафениот тон, кој потсетуваа на слатките задоволства и пружа „суптилен луксуз“ и удобност.

Исто така, идејата е да се поттикне подлабока поврзаност со нашата природна средина преку оваа боја, која е тесно поврзана со природната средина.

Mocha Mousse е нијанса која лесно ја задоволува желбата за удобност и топлина. Нејзината рафинирана и стабилна нијанса го олеснува балансирањето на различните палети на бои, делувајќи како дизајнерски камелеон кој лесно се прилагодува и на ладните и топлите нијанси, како и на темните, светлите или живописните бои.

Може да се каже дека ова е навистина сестрана боја која може да биде и клучен акцент меѓу неутралните тонови, самодоволна кога се користи како една боја, но и балансирачки тон кога се комбинира со подлабоки пигменти.

Боја која го отсликува духот на годината

„Pantone боја на годината 2025 година ја доживуваме како мек смеѓ тон чија инхерентна раскошност и сетилна и смирувачка топлина дополнително ја поттикнуваат нашата желба за удобност и уживање во едноставни задоволства што можеме да ги подариме и споделиме со другите“, изјави за ArchDaily Лори Пресман, потпретседател на Институтот за бои Pantone.

Во рамки на својата програма „Боја на годината“, Pantone секоја година избира боја за која вели дека го одразува стилот на таа година, изразувајќи ги глобалното расположение и ставови. Така, минатогодишниот Peach Fuzz, нежна нијанса помеѓу розова и портокалова, требаше да го одрази чувството на заедништво и внатрешна смиреност.

Испрати коментар

Scroll To Top