Насловна / Арт и дизајн / Оваа сабота во МКЦ изложба „Мали хумани иновации“

Оваа сабота во МКЦ изложба „Мали хумани иновации“

Како и секоја година, така и оваа во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) се отвора сезоната со славење Роденден (на уметноста).

Оваа сабота во склоп на Роденден ќе биде отворена изложбата „МАЛИ ХУМАНИ ИНОВАЦИИ“ на студентите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје.

10_resize

Студентите преку одбрани творби, се стремат да го искажат својот оптимистички начин на гледање преку креативно трансформирање на проблемите од сегашноста во можности за креирање подобра иднина. Како повеќето дизајнери, тие ги откриваат проблемите, трагаат по решенија, истражуваат можности, анализираат постоечки решенија, синтетизираат нови концепти и, конечно, ги реализираат своите идеи. Низ овој процес, тие создаваат напредок, нови индустриски производи, симболи, системи и многу повеќе.

20_resize

Вештината во користењето на различни изразни средства, како цртежи, макети, компјутерски модели, материјали и изработката на функционални прототипови, им овозможи на авторите успешно да ги изразат сопствените согледувања за креативно обликување на современите производи и на тој начин да донесат нови вредности за потрошувачите, компаниите и заедницата.

30_resize

Изложбата има за цел да го провери интересот на јавноста за прифаќање на ваквата „комерцијална уметност“. Прифаќањето е неопходно потребно за успешено иновирање на ваквите производи.

40_resize

Изложбата ќе се отвори на 18.01.2019 (сабота) 20:30 часот, МКЦ, Скопје Галерија 2

Машински факултет-Скопје: Татјана Кандикјан и Софија Сидоренко

Фотографија: Васе Аманито

Концепт: Дејан Ивановски

Реализација: Младински Културен Центар-Скопје

PLAKAT_resize

Испрати коментар

Scroll To Top