Проектот „Македонија без отпад 2014“ ќе биде спроведен во сабота на целата територија на државата, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.
Овој проект ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.
Целта на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18 октомври што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.