„СОФИ козметикс“ е компанија која верува во одговорни решенија и се стрем да го намали нивното влијание врз животната средина. Нивните производи се промислено и минимално спакувани. Тие се стремат да ги најдат најдобрите решенија за пакување без да ја загрозат ефикасноста на производот.
Исто така на своите клиенти им нудат можност за враќање на празната стаклена амбалажа во една од нивните продавници за повторна употреба. Нивниот прстап кон убавината и здравјето е едноставен и минималистички. Во овој дух белградското биро „Студио Аутори“ пристапило на изработката на проектот за ентериер за продавницата „СОФИ козметикс 3.0“ во Нови Сад, кој е инспириран од деликатната несовршеност и тактилност на рачно изработените предмети, славејќи ја работата со раце.
Централен волумен од шамотни тули
Составен претежно, рачно, од мали градежни елементи, просторот е дефиниран со централен син волумен од шамотна тула, алуминиумска линеарна полица што го обвива просторот и утилитарни елементи од брусен челик.
„Ритамот на небесно синиот волумен си игра во централната позиција, повикувајќи ги посетителите да допираат, истражуваат и да комуницираат. Овде започнува сензорното патување, со текстури и тактилност“ – објаснуваат од бирото и додаваат: „Спарен со линеарно светло направено по мерка, го зацврстува просторот во центарот, додека другите елементи нежно го впишуваат периметарот на продавницата“.
Линеарната алуминиумска полица се потпира на волумените, а долж ѕидовите и прозорците ги води посетителите низ просторот, производите и препознатливите СОФИ мириси.
„Индустриската естетика на елементите од брусен челик ја изострува мекоста на текстурираните ѕидови, подот и сините монолити и ја поттикнува свеста за чистите, едноставни и минималистички рутини за убавина“ – велат од „Студио Аутори“.
Текстурираните ѕидови се материјализираат како меки позадни за проектирани слики и постојано променливата дневна светлина што ја поврзува внатрешноста со соседството.
Внимателно поставените рефлектирачки површини ја истакнуваат оваа меѓусебна игра, додека секој детал во ентериерот резонира со идејата за порелаксиран пристап кон здравјето и убавината, велат на крајот архитектите.