Насловна / Вести / Оваа паметна саксија сама се грижи за вашите цвеќиња

Оваа паметна саксија сама се грижи за вашите цвеќиња

Саксијата наречена Klaustrafloria има способност да се „самонаводнува“ со што на себе ја превзема грижата за растенијата.

Вакви паметни собни саксии го прават градинарството во затворен простор вистинско задоволство, а исто така и супер лесно за практикување. Декоративната висока кутија во која растат растенијата го сочинува главниот дел од жардињерата, а нејзиното постоље се состои од отстранлив внатрешен сад, LED индикатор за нивото на водата, автоматски систем за наводнување и резервоар за вода од 12 литри.

1_resize

Внатрешниот сад што може да се отстрани, вклучува контејнери кои се наполнети со дренажни камења, а откако ќе се засадат, растенијата ги пуштаат своите корени низ процепите во контејнерите во рок од 2-3 месеци. Водата се носи до постројката преку отвор за вода поврзан со резервоарот подолу. Откако растенијата ќе пораснат во наведениот планиран рок, благодарение на системот за самонаводнување може да се снабдат со потребната количина на вода.

0_resize

По четвртиот месец треба повторно да се наполни резервоарот за вода, а на тоа ќе ве потсети интуитивен индикатор кој ќе ви каже и колку вода му треба на вашето растение. Оваа паметна саксија е опремена и со вградени фитоламби – осветлување кое е исклучително корисно за растот и развојот на младите растенија, или кога е зимска сезона, па растенијата немаат доволно природна светлина.

5_resize

6_resize

И за крај, уште една занимливост за овој производ е тоа што системот за автоматско наводнување не бара апсолутно никаква струја. Фитоламбите, позадинското осветлување и индикаторот за нивото на водата се напојуваат преку приклучок вметнат на задниот дел од саксијата, така што Кlaustrafloria со право може да се каже дека е апсолутен must-have за сите оние кои сакаат на своите цвеќиња да им обезбедат кралски третман.

4_resize

2_resize

3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top