Насловна / Архитектура / Оваа канцеларија се движи на шини и може да биде дел од куќата или сокриена во шума (ВИДЕО)

Оваа канцеларија се движи на шини и може да биде дел од куќата или сокриена во шума (ВИДЕО)

Архитектонското биро Olson Kundig од Сиетл извело проект на мини-објект во државата Вашингтон и го поставила на шини по кои може да се движи. Проектот наречен Maxon Studio е проектиран како двокатна структура од челик која служи како канцеларија за маркетинг агенција.

3

Непосредно до куќата на сопственикот на агенцијата минува пруга широка 4,5 метри по која објектот клиза напред-назад. Мобилната структура по потреба може да биде оддалечена од куќата како независен објект во околната шума или целосно да се доближи до куќата и да стане нејзин составен дел.

2

Сосема ново искуство

„Ова е прекрасен објект, убаво изграден, но неговото движење по патеката е сосема ново искуство. Она што е постигнато со реконфигурирање на електрониката на контролната табла и елегантен пристап кон електричното поврзување е апсолутно брилијантно!“, изјави за Dezeen Tom Kundig од Olson Kundig Architects.

4

Покрај функционалниот аспект на шините, во проектот се имплементирани и други дизајнерски елементи засновани на железница, како почит на наследството на железничката индустрија во регионот, велат од бирото.

Така, обликот на зградата бил инспириран од дизајнот на, како што велат архитектите, задниот дел на товарен воз.

6

Помирна зона на второто ниво

Работниот простор се наоѓа на првото ниво, додека второто ниво до кое се стигнува преку челична скала, функционира како потивка зона за креативно истражување и реставрација.

1

Контролната табла, која овозможува движење по шините, е преземена од локомотива Burlington Northern, а бојата на вратата и применетото дрво се во склад со бојата и материјалите што вообичаено може да се видат во американските возови.

8

Железничките прагови превземени се од пругата на Големата северна железница, а имплементирана е и стабилизирачка шипка за да се спречи превртување на конструкцијата во случај на земјотрес.

Нешто слично може да се види и во возовите што се користат во јапонската брза железница.

5

Ѕидови од челик и дрво

Во внатрешноста се има челични ѕидови и вградена маса, кои доминираат во просторот, додека останатите ѕидови се дрвени.

На ѕидот каде што се наоѓа скалата е поставена контролната табла, а има и мала дигалка која пренесува потешки предмети од едно на друго ниво.

Вториот кат ја има истата шема на материјали, како и една полица за книги.

9 10

Испрати коментар

Scroll To Top