Почетокот на тестирањето на електричните роботакси возила во Загреб, е најавено за оваа година преку хрватската компанија Project 3 Mobility (P3) и компанијата Mobileye, глобален лидер во решенијата за автомонни возила. Двете компании ќе работат на новата услуга користејќи ја технологијата за автономно возење Mobileye Drive.
P3, формирана од страна на Мате Римац, основач и извршен директор на Rimac Automobili и Rimac Grupа, објаснил дека новата услуга во Загреб ќе биде достапна во 2026 година, а тестирањето и валидацијата на решенијата за автономни возила на компанијата Mobileye, на улиците на Загреб ќе почне оваа година. P3 создава екосистем кој се состои од три клучни елементи: автономни електрични возила, специјализирана инфраструктура и платформа за услугата на мобилност. Компанијата истакнала дека развива целосно автономно електрично возило од суштинско значење за имплементација на овој нов екосистем ан урбана мобилност. Возилото е изработено на целосно нова платформа, проектирана со цел да обезбеди сигурност и удобност.
P3 веќе има потпишано договори со девет градови ширум Европската унија, Велика Британија и членките на Заливскиот совет за сотработка (Gulf Cooperation Council – GCC) за пружање на своите урбани автономни услуги, а планирано е ширење во уште 30 градови. Во Хрватска е планирано да се отвори погон за производство на овие возила.