Насловна / Вести / Оваа година ЕУ ќе работи на донесување на нови правила за пазарот на гас

Оваа година ЕУ ќе работи на донесување на нови правила за пазарот на гас

Првиот човек на Европската комисија за внатрешниот пазар на природен гас Klaus-Dieter Borchard, минатата недела во своето излагање на тематска конференција за природниот гас, потенцираше дека преминот кон целосно електрифицирана економија без природен гас е „базично погрешен“.

GAS 1

Имено, Eurelectric, минатиот декември ги повика европските креатори на политики да промовираат транзиција кон производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори, како и примена на оваа „чиста“ енергија и во сообраќајот, греењето и индустриските сектори, со крајна цел декарбонизација на економијата до 2050 година. Eurelectric промовира дигитализавија во електростопанствата преку примена на паметни броила и поттикнување на потрошувачка според потребите (demand response). Меѓутоа, многу експерти и натаму се убедени дека гасот сеуште треба да има своја улога. Во 2017 година, Русија им продала на Европа и Турција рекордни 197 милијарди Nm3 природен гас. Borchard, најави дека Комисијата оваа година ќе работи на предлозите за нова регулација на пазарот на гас, со намера да се истражат можностите за синергија помеѓу гасните и електроенергетските мрежи. “Можеме да ја користиме гасната инфраструктура за складиштење, нешто што во моментот недостасува во енергетиката“ додава тој. Таканаречената  power-to-gas технологија е сеуште на ниско ниво а Borchard смета дека вреди истата да се примени во секторот индустрија.

Gas 3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top