Millennial pink полека оди во историјата – дојде време за доминација на Black Flame нијансата.
Black Flame или Black Indigo е боја за која оправдано се претпоставува дека ќе биде една од најпопуларните следната година. Се работи за мошне темна нијанса на сината боја, која речиси преминува во црна боја, но на крајот е сепак нешто потопла, поблага и покомплексна.
Всушност, спротивно на популарното верување на многумина, потемните бои во ентериерите нужно не треба да се избегнуваат. На пример, во нијансата Black Flame може да се обои еден или два ѕида во просторија или само таванот, ако сакате да бидат повнимателни.
Играјте се со мебелот и набавате парче што ќе одговара на новата боја на ѕидовите. Понатаму, кој вели дека бањите мора секогаш да бидат бели? Пробајте ги плочките или мозаик во оваа интересна нијанса и уживајте во сосема новата визура на просторот во кој ќе живеете секој ден. Кујната во оваа нијанса, исто така, може да изгледа спектакуларно, а на крајот, секогаш можете да почнете со некои детали во Black Flame нијанса, како перници или рамки за слики, само за да се види како тоа ви одговара.