Во пресрет на новата годишнина од страшната нуклеарна катастрофа во Чернобил, место кое стана синоним за пустошот кој радиоактивноста го остава зад себе, Ви презентираме седум најопасни локации во светот, по однос на овој проблем.
Рамсар, Иран
Рамсар, град во покраината Мазандаран во Иран, е место со најголем степен на природно јонизирачко зрачење на светот – и до 260 mSv годишно. Во моментот просечната еквивалентна доза за работниците во нуклеарните централи е 20 mSv годишно, во просек за пет години. Некои студии спроведени во Иран покажале дека локалното население има поголема зачестеност на хромозомски абнормалности и поголем степен на женска неплодност. Сепак 1800 жители на овој град се мал примерок за издржани научни заклучоци.
Гојанија, Бразил
Во 1987 година, двајца крадци во потрага по метали, ја ограбиле напуштената болница во Гојанија, главниот град на бразилската држава Гојаз. За жал, пронашле мала капсула со високорадиоактивен материјал кој се користел во опремата з арадиотерапија. Децата го допирале овој материја привлечени од синкастиот сјај, но и многу други жители на местото. Неколку градски блоков биле контаминирани, па морало да бидат уништени. По овој настан, иако животот главно се вратил во нормала, сепак некои места останале контаминирани.
Мајлу-Су, Киргистан
Рударското градче, кое се наоѓа на југот на Киргистан, сеуште сноси последици од советската нуклеарна програма. Во периодот од 1946 до 1967 година, тука се експлоатирала и се обработувала ураниумова руда, а подрачјето до денес останало контаминирано. Поголемиот дел од отпадот била закопана долж реката која минува низ градот. Еден извештај од 2010 година наведува дека е потребно итно чистењ на градот поради високиот процент на заболени од рак и ослабен имунитет на локалното население. Степенот на зрачење е над сигурносните лимити, но иако веќе многумина го напуштиле градот, сепак во него сеуште живеат околу 20.000 жители
Селафилд, Велика Британија
Во западниот дел на Обединетото Кралство се наоѓа Селафилд, локација за уништување на нуклеарен отпад, каде сеуште постојат високи нивоа на радијација. Се работи за место каде се наоѓа поголем дел од радиоактивниот отпад на 15 оперативни британски нуклеарни реактори. Отпадот се чува во огромен подземен бункер каде пристап имаат само роботи.
Ханфорд, САД
Американската државна служба ханфорд во Вашингтон, е место каде се произведувале делови за атомски бомби во текот на Студената војна. Иако најголемиот дел од ова оружје никогаш не било користенo, самото производство направило огромни штети по околината, а таквото влинаие продолжува и денес. Некогаш на тоа место се произведувал плутониум за проектот „Менхетн“, а денес таму се складирани околу 65% од американскиот нуклеарен отпад.
Чернобил, Украина
Во текот на 19 и 20 век, овој град бил важен трговски и индустриски центар на речниот пат помеѓу Балтичко и Црно море со население од 14.000. Денес, градот стана познат по нуклеарната несреќа од 26ти април 1986, а поради која жителите на градот и околината го напуштија целото подрачје. До денес градот остана ненаселен и под редовен надзор на украинските државни служби.
Болница Припјат, Украина
На неколку километри од електраната во Чернобил, се наоѓа припјатската болница каде биле однесени првите пожарникари кои делувале веднаш по несреќата во 1986. Оваа болница сеуште содржи високи нивоа на радијација. Силно контаминиран бил и целиот град, па затоа по несреќата сите жители биле евакуирани. До денес тоа е напуштен град.
Фукушима, Јапонија
Фукушимската катастрофа од 2011 година, остави сериозни последици врз погоденото подрачје. Веднаш по несреќата евакуирано е населението во радиус од 20 km. Се очекува постапката на чистење на подрачјето да трае четири децении, со трошоци од 188 милијарди долари.