Сајтот „Interesting Engineering“ направи листа на која се наоѓаат осумте најпознати инженери, кои постигнале извонредни резултати и со своите активности заслужиле место во историјата.
Fazlur Rahman Khan
Бил роден во Дака, Бангладеш, и се смета за креатор на модерниот облакодер. Тој бил класично образуван инженер за конструкции и архитект кој креирал проекти и техники за полесна изведба на високите објекти и на некој начин ги поставил основите на модерното градежништво.
Leonardo da Vinci
Познато е дека тој бил инволвиран во разни професии- уметност, наука, математика. Неговата посветеност на повеќе полиња му овозможила креирање на уникатни инженерски концепти и проекти. Иако најглем број од неговите идеи останале само на хартија, неговата ингениозност и креативност со право го вбројуваат меѓу најдобрите.
Steve Wozniak
Заедно со Стив Џобс (негов пријател од студентските денови) се пионерите на ерата на персоналните компјутери уште во 1970-тите. Преку неговите софтверските решенија и способноста на Џобс (кој никогаш не завршил факултет) за маркетинг и менаџмент изградена е империјата Apple.
Elon Musk
Познат по SpaceX и Tesla Motors, овој инженер роден во Јужна Африка ги помести границите во техниката. Повеќето го сметаат само за бизнисмен, но неговата способност за иновации и развој на нови технологии засекогаш го обележале неговото место меѓу заслужните.
Henry Ford
Иако Karl Benz бил побрз од него во креирањето на модерниот автомобил, сепак неговите производствени линии и техники на производство за првпат се видени во фабриките на Ford. Токму тој се смета за креатор на модерното сериско производство, а во неговите фабрики се прозиведувале и автомобили за просечниот човек, не само за елитата.
Браќата Wright
Браќата Orville и Wilbur Wright се интересирале за летањето уште од деца. Наместо да се фокусираат на моќноста на леталото, тие се потпреле посериозно на аеродинамичкиот дизајн. Тие ја развиле првичната форма на она што денес е модерно авионско крило.
2. Isambard Kingdom Brunel
Тој бил еден од најголемите иноватори на 19 век, најпознат по зградата на „Great Western Railway” која е се уште во употреба. Главно работел на ревитализација на индустриската инфраструктура во Британија. Неговото влијание во областа на индустриското инженерство е толку големо што е основан Универзитет кој го носи неговото име.
Никола Тесла
Никола Тесла е без сомнение еден од најголемите умови во историјата на човештвото. И покрај тоа што е познат по своите многубројни изуми, повеќе од јасно е дека нивниот број не е целосен. Познато е дека во еден период Едисон бил негов работодавач, а тој бил познат по тоа што ги крадел идеите од своите потчинети и си ги припишувал себеси. За жал, и покрај своите револуционерни откритија, Тесла умрел во сиромаштија и во долгови.