Калгари, Канада
Иако дефиницијата за чистота на градовите се разликува од земја до земја, постојат некои единствени индикатори врз основа на кои таа се мери. Тоа се достапноста и питкоста на водата, начинот на депонирање на отпадот, квалитетот на системот за канализација, загаденоста (квалитетот) на воздухот и сообраќајните турканици. Врз основа на овие индикатори, консултантската компанија Mercer Global го издвои Калгари на првото место на листата на најчисти градови во светот. Следуваат: Аделаид, Хонолулу, Минеаполис и Кобе.
Казните од неколку илјади долари за фрлање на отпушоци на улица, очигледно вродиле со плод во Калгари. Но, според Mercer, Калгари е на прво место највеќе заради своите зелени иницијативи.
Организацијата „Green Calgary“ промовира „позелен“ стил на живот и нуди совети како да се намали количината на отпад на депониите. Организацијата, исто така, настојува да ги поттикне граѓаните да градат еколошки одржливи домови.
Аделаид, Австралија
Хонолулу, Хаваи
Минеаполис, САД
Кобе, Јапонија