Во светот има околу 400.000 луѓе кои се класифицирани како луѓе со ултра висока нето вредност – околу 0,005 отсто од вкупното светско население од осум милијарди, според новиот извештај.
Извештајот на „Wealth-X 2023 World Ultra Wealth“ ја анализира глобалната популација на поединци со ултра висока нето вредност – луѓе со нето вредност поголема од 30 милиони долари. Во 2022 година, оваа група од 395.070 луѓе имала колективно богатство од повеќе од 45 трилиони долари, според пресметките на групата.
Помалку од еден процент од оваа група е составена од милијардери, иако нето богадството на милијардерите сочинува 24 проценти од тие 45 трилиони долари. А само 11 отсто од оваа група се жени.
15 отсто од оваа група живее во само 10 градови низ светот.
Половина од градовите на листата од 10 се во САД; два се во Европа; а три се во Азија. Додека Њујорк е на врвот на листата кога се брои популацијата на милијардери во светот, Хонг Конг е на прво место кога се гледа ултра високата нето вредност на населението во целина, се вели во извештајот.
Business Insider ги посочува 10-те градови низ светот кои се дом на поединци со ултра висока нето вредност, според извештајот на Wealth-X:
Вашингтон
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 3.465
Процент на изгубено или стекнато богатство од 2021 година: +0,1%
Токио
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 3.710
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: -27%
Париз
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 3.995
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: -18,1%
Сингапур
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 4.160
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: +13,4%
Чикаго
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 4.235
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: +3,8%
Сан Франциско
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 4.385
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: +0,5%
Лос Анџелес
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 6.205
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: +1%
Лондон
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 6.370
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: -3,6%
Њујорк
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 11.845
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: +2,3%
Хонгконг
Население со ултра висока нето вредност во 2022 година: 12.615
Процент изгубено или стекнато од 2021 година: -23%