Куќата под името „Slim Fit“ зазема површина од само 16m² во основата, што е помалку од површината на неколку типични паркинг места. И покрај малите димензии, куќите кои спаѓаат во категоријата на микро- домување имаат релативно добар распоред и пропорционални простории за дневен престој, спиење и сл. Slim Fit“ е осмислена во 2016 година за натпревар во категоријата „тесни куќи“, но завршена е дури неодамна. Влупната нејзина површина е 50 квадратни метри, кои се распоредени на три спрата. Идеална е за изградба на мали парцели во густо населени урбани подрачја. Се состои од дрвена рам конструкција, обложена со тврдо дрво и добро застаклување.
Прототипот на „Slim Fit“ екупен од страна на една проектантска компанија, а сега е поставен и во Almere Poort во Холандија.