Насловна / Архитектура / Ова ќе биде највисоката станбена зграда во Европа

Ова ќе биде највисоката станбена зграда во Европа

Oваа повеќекатница што ќе се гради во центарот на Лондон ќе има височина од 240 метра и ќе биде организирана на 67 ката.

najvisok oblakoder vo evropa

Новиот станбен објект, кој е именуван Hertsmere House, а зад чиј проект стои архитектонската фирма HOK, е инспириран од цветните ливчиња, и има за цел со својата уникатност да допринесе на панорамата на Лондон, во која особено ќе уживаат оние кои ќе бидат сместени на врвот на зградата.najvisok oblakoder vo evropa (2)

Со своите 240 метри, оваа повеќекатница ќе биде највисоката станбена зграда во западна Европа.

Hertsmere House ќе има 861 станови, коишто финансиски ќе бидат прифатливи за повеќето жители на централен Лондон.

najvisok oblakoder vo evropa (5)

Во прилог на овие станови, според проектот се планира да се изградат дополнителни 60 станови кои ќе бидат уште поповолни, и нивната изградба се планира во областа Limehouse како составен дел од овој проект.

Покрај организирањето на станбените единици, проектот вклучува и формирање на деловен дел со продавници, кафулиња и други јавни простори. Покрај тоа, со проектот се планира и стаклена зимска градина, кровна тераса и игралиште за деца на отворено, пишува archdaily.najvisok oblakoder vo evropa (4)

Greenland Group, компанијата задолжена за изградба, планира да започне оваа година со реализацијата на објектите на двете локации. Завршувањето на градежните работи се очекува до 2020 година.najvisok oblakoder vo evropa (3)

Испрати коментар

Scroll To Top