Легендарната За За Габор почина неодамна на 99 години од срцев удар во својот дом во Бел Ер, во кој живеела од 1973 година. Артистката и нејзиниот деветти сопруг ја продале оваа вила во 2013 год. на една компанија за недвижности, но со договор двојката да продолжи да живее тука се до нејзината смрт. Сопругот сега има рок од 120 дена да се отсели од вилата.
Вилата е изградена во 1955 година и во неа порано живеел Елвис Присли. Пространиот дом со 26 соби го посетиле многу славни личности меѓу кои кралицата Елизабета Втора, Роналд Реган и Џорџ Буш.