Насловна / Арт и дизајн / Ова е првата јахта направена со 3D печатач: Нулта емисии и речиси неограничен домет

Ова е првата јахта направена со 3D печатач: Нулта емисии и речиси неограничен домет

Дизајнерот Jozeph Forakis го претстави првиот концепт на суперјахта направена со помош на 3D печатач. Јахтата наречена Pegasus е долга 88 метри и има рефлектирачки „соларни крила“ кои овозможуваат да има речиси неограничен домет без емисии на гасови. Идејата за оваа футуристична јахта е родена на плажата на островот Koufonissi во Грција, а Forakis тврди дека бил инспириран да направи јахта што поблиску до природата и морето, која практично ќе се претопи во пејсажот.  Тимот ќе користи и роботско 3D печатење со цел да направи мрежаста рамка која ќе го интегрира трупот и надоградбата на бродот. „Резултатот е исклучително цврста и лесна структура која може да се произведе со користење на помалку енергија, материјал и време во споредба со конвенционалната конструкција“ рекол Forakis.

yacht1

yacht2

Јахтата има сребренеста металик завршна обработка која овозможува да се претопува со околината како камелеон. Поседубва и базен и отворен beach club опремен со балкони на склопување, а може да се претвори во затворен простор со стаклени панели на горната површина. Јахтата Pegasus во периодите кога нема Сонце, може да генерира водород од морската вода и да го користи како погонско гориво. Посебува и литиум јонски батерии за складирање на енергија.

yacht3

 

Испрати коментар

Scroll To Top