Кралскиот институт на архитекти на Велика Британија (RIBA) го објави добитникот на Стирлинговата награда за 2018, а тоа е Bloomberg HQ, проектот на компанијата Foster + Partners. RIBA Stirling Prize е осмислена како најпрестижна награда за архитектура во Велика Британија и се доделува на зградата „која највеќе придонела за еволуција на архитектурата во одредена година“. Овој проект, кој е избран од 6-те кои се најдоа во потесен избор , укажува на соработката помеѓу граѓаните и архитектите, како и решавање на прашањата на јавниот простор.
Лорд Norman Foster во својата изјава рекол: “…уште од нашите први дискусии за крајните детали на проектот, Мајк Блумберг и јас имавме сериозен состанок за секој аспект на проектот, одржливиот фокус, посветеноста, иновациите и создавање на најдобро работн опкружување за вработените во Bloomberg. RIBA Stirling Prize е сведоштво за неверојатен дух на соработка присутен во сите фази на проектот.