Најстарата ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, сепак ги потврдија гласините дека се селат во Вашингтон. Двојката ќе живее во куќа вредна 5,5 милиони долари во елитен кварт на Вашингтон.
Куќата има околу 650 метри квадратни, а се состои од шест модерно дизајнирани соби и седум бањи. Изградена е во 1923 година, а проектот е дело на архитектот Waddy Wood. Последен пат е продадена во декември минатата година за 5,5 милиони долари. Сепак, се уште не е познато дали семејството Трамп – Кушнер ја изнајмило или ја купило оваа куќа.
Интересно е дека на само два блока од оваа куќа, семејството Обама ја изнајми својата нова резиденција. Калорама е историски вашингтонски кварт со најголем број амбасади, резиденции на амбасадори и други високи функционери.