Bugatti Chiron Profilée е последниот примерок на Bugatti без дополнителен електричен мотор, кој ја напушти фабриката во Молсхајм без однапред познат купувач. Овој автомобил е продаден на аукција за импресивна цена. Веќе не е никаква новост светските рекорди во разни категории ги соборуваат Мате Римац и Bugatti, а на оваа низа се приклучува уште еден. Имено, нивниот Bugatti Chiron Profilée, е единствен модел, продаден на аукција во Париз за 9.792.500 евра, што и официјално го прави најскап нов автомобил кој било кога е продаден. Наведената цена е без данок.