Новата деловно-станбена зграда во Загреб на Медулиќева улица, наскоро ќе биде целосно готова, но сите станови се веќе распродадени. Цената по квадрат е неверојатни 4.000 евра и тоа е убедливо најскапиот станбен квадрат во Хрватска а веројатно и во регионот.
Се работи за една од ретките новоградби во центарот на Загреб. Автор е архитектот Дражиќ, а неговото решение било избрано како најдобро на јавен конкурс. Зградата има 13 станови и два локали во приземјето.