Со цена од 500 милиони долари, оваа куќа е најскапата во светот. Освен ексклузивниот ентериер и раскошниот двор, куќата е атрактивна и според својата локација, во Лос Анџелес во непосредно соседство на Џенифер Анистон и извршниот директор на компанијата Тесла Моторс.
Површината на оваа куќа е 9.290 m², а кога целосно ќе биде завршена во 2017 година ќе има пет базени, казино и ноќен клуб, раскошни ѕидови со поглед на аквариуми, гаража за 30 возила, киносала со 40 седишта и апартман од 550 m². Сето тоа на површина од 1 хектар.
Екстравагантно нели? Дали постојат потенцијални клиенти за ваков дом, и колкав ризик преземаат инвеститорите со ова вложување? Дилемите ги расчистува агентот за недвижности Nile Niami за американскиот дневник „The Detail“.
„Некој што поседува јахта од 100 милиони долари и веќе има седум куќи низ светот (од Лондон до Дубаи), ќе биде сериозно заинтересиран. А такви клиенти во светот засега има доволно“, со оптимизам заклучува Niami.