Се повеќе станува луксуз да се има мобилен телефон чија батерија трае подолго од еден ден ден. Поради тоа во последно време многу се работи за моќноста на полначот, а сега границите се повторно поместени.
Компанијата Oppo најави дека наскоро ќе биде во продажба „најбрзиот“ полнач за мобилен телефон, „Oppo 125W Flash Charge“,која има моќност од 125W.
Како што велат од Орро, тоа значи дека батерија со капацитет 4,000mAh може да се полни 41% за само пет минути и 100% за 20 минути.
Ова е веројатно најбрзата технологија за полнење мобилни телефони на пазарот, а одговорни се два фактори: волтажа од 20V и ампеража од 6,25А.
Тие исто така најавуваат дека „најбрзиот полнач во светот“ вклучува дополнителни 10 сензори за следење на температурата и статусот на полнење, и сè ќе биде компатибилно со Type-C конектор.