Насловна / Архитектура / Outside House на Хаваи, место за живот надвор

Outside House на Хаваи, место за живот надвор

Да се живее покрај пат каде некогаш течела лава звучи како возбудлива авантура, дури и ако тој тек е стар 300 години.

Но, за жителите на Мауи, Хаваи, кои често се справуваат со вулкани и текови на лава, ова не е необичен случај. И покрај постојаната интеракција со вулканските елементи, тешко е да се најде дом во оваа област, кој ќе биде уникатен и доволно функционален. На сцена стапило делото,  проект на архитектонското биро FLOAT Architectural Research and Design, кое го носи името – Outside House.

1

Outside House е место за живот надвор. Два мали павилјона ги обликуваат основите на секојдневниот живот и го структуираат намерниот однос со земјата. Оваа елегантна куќа е создадена за живот во хармонија со природата и им овозможува на сопствениците полесно да комуницираат со надворешноста.

4

Целосно затворената единица, се нарекува Mauka соиред хавајскиот збор „внатрешност кон планините“. Овој павилјон е мала, одвоена спална соба, орјентирана да гледа кон текот на лавата и го фати првиот зрак на изгрејсонцето низ шишарките. По таа кратка утринска сончева светлина, собата е во ладовина за чидање и дремење.

7

Оваа единица поставена на бетонски столбови, покриена е со дрво и поликарбонат и е скромна средина за живеење од која се ужива во неверојатен поглед. Другиот необичен павилјон делува ослободувачки, сместена е надворешна кујна со простор за седење и туш на отворено. Сè вкупно, модерниот живот е максимално подреден на природата.

3

Непречен поглед на Тихиот океан и островот Kahoolave во далечина, релаксирачки амбиент, практичност и одржливост се главните карактеристики на овој уникатен простор за живеење. Outside House изгледа ексклузивно, без трага од луксуз во себе.

2

5

8

6

Испрати коментар

Scroll To Top