Учениците од ОУ „Коле Неделковски“ од денеска можат да спортуваат во реконструирана фискултурна сала, со нова подлога и нов дабов паркет, кој гарантира долготрајност , функционалност и квалитет. Сега, подовите се направени по сите светски стандарди за подови во фискултурни сали.
Наставата по физичко образование мора да биде квалитетна и затоа во сите седум основни училишта на територија на Центар, ќе работиме на подобрување на условите, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.